23-годишен пешак од Скопје тешко повреден по удар од автомобил

пред 2 години

Синоќа во 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„12. Македонска бригада“, пред крстосница со ул.„Архитект Сотир Томовски“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(50) од Скопје, удрило во пешакот С.К.(23) од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Share
Scroll to Top