Забранет влезот на крузерите во историскиот центар на Венеција

пред 5 години

Италијанските власти ја одобрија забраната за влегување на крузерите во историскиот центар на Венеција.

Министерот за култура Дарио Франческини рече дека одлуката следува како одговор на барањето на УНЕСКО.

Големите бродови сега ќе мора да се закотват во градското индустриско пристаниште, сè додека не се најде трајно решение, објави „Би-би-си“.

Критичарите велат дека бродовите предизвикуваат загадување и ги поткопуваат темелите на градот погодени од редовните поплави.

Италијанските министри се согласија дека големите крстосувачи и товарни бродови повеќе нема да можат да влегуваат во градскиот Канал де ла Куека, што води до историскиот плоштад Свети Марко.

Франческини го поздрави потегот, опишувајќи го како вистинска одлука што се чекаше со години.

Крузерите во моментов не можат да влезат во Венеција поради ограничувањата воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот, а нивното отсуство доведе до подобрување на квалитетот на водата во лагуните.

Share
Scroll to Top