Русија ја ограничи зоната на летови над Црното Море

пред 3 години

Русија најави дека привремено ќе ги ограничи летовите на цивилната авијација во регионот над Црното Море и Крим од 20 до 24 април, според оперативните информации за промените во правилата за спроведување и обезбедување летови (НОТАМ).

Зоната што е опасна за летовите го вклучува регионот над јужниот дел на Крим (од Севастопол до Феодосија), над територијалните води на Русија долж јужниот брег на Крим, како и над дел од меѓународните води на Црното Море.

Според најавата, во некои зони забраната за летови ќе важи само над 11.900 метри (т.е. над нивото на летот на цивилното воздухопловство), а во некои над 6.100 метри, додека во одредени области зоните ќе бидат целосно затворени.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков нема информации дали Русија привремено ги ограничи летовите над Крим и Црното Море.

На новинарско прашање дали руските власти забележуваат ескалација на напнатоста на границата со Украина, Песков одговори дека привремено се воведени ограничувања во некои сектори за воздушен сообраќај – тоа е апсолутно нормална практика во светот.

„Постојат стандардни системи за известување итн. Ова не е ништо ново“, додаде портпаролот на рускиот лидер.

Како што нагласи претставникот на Кремљ, елементот на напнатост во самата Украина засега не исчезна. Тој сè уште постои.

„Се надеваме на најдобро, но несомнено е потребно посебно внимание“, заклучи Песков.

Share
Scroll to Top