Зеленски објави колку украински војници загинале во војната

пред 2 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа и’ се обрати на нацијата, велејќи дека е тешко да се предвиди колку долго ќе трае војната.

„Се разбира, слушам и различни предвидувања. Имам многу повеќе информации за намерите и можностите на руската армија отколку некои медиуми. За потенцијалот на руската економија, но и за емоционалната состојба на руското општество“, рече тој.

Зееленски додаде дека два фактори ќе одлучат колку долго ќе трае војната:

„Успехот на нашата армија на бојното поле е многу значаен, историски значаен. Но, не е доволно да се исчисти нашата земја од окупаторите. Ние сепак ќе ги победиме. Санкциите против Русија се исто така се многу важни, економски болни, но сепак недоволни за да ја остават руската воена машина без ресурси. Ќе бараме уште посилни и подеструктивни санкции“, рече Зеленски.

„Ако некој каже дека војната ќе трае со години, јас одговарам: Можете да направите војната да трае многу пократко. Колку повеќе и побрзо го добиеме сето оружје што го баравме, толку посилна ќе биде нашата позиција и побргу мирот ќе дојде“, рече Зеленски.

Зеленски: 2.500-3.000 украински војници загинаа во војната

Од почетокот на руската инвазија на Украина, меѓу 2.500 и 3.000 украински војници се убиени, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.

Зеленски рече дека има околу 10.000 ранети украински војници. Нема податоци за бројот на цивилни жртви, изјави украинскиот претседател за Си-Ен-Ен.

Тој истакна дека загубите на руската војска се многу поголеми и дека загинале 19-20 илјади руски војници. Москва минатиот месец објави дека 1.351 руски војник биле убиени, а 3.825 биле ранети.

Зеленски ја опиша воената ситуација на југот и на истокот на земјата како „сè уште многу тешка“, пофалувајќи ги неговите вооружени сили.

Share
Scroll to Top