Зеленски испрати порака до руските мајки: Не ги праќајте вашите деца во војна во Украина

пред 2 години

Володимир Зеленски, претседателот на Украина, во своето последно видео обраќање ги повика руските мајки да не ги испраќаат своите деца на боиштата.

Тој ги повика да не веруваат во ветувањата на руските власти дека ќе бидат испратени „некаде на вежби“ или некаде каде што не владеат борбени услови, туку веднаш да реагираат доколку се посомневаат дека нивните деца се испраќаат во Украина.

Обраќањето на Зеленски дојде откако Русија во средата за првпат го призна присуството на резервисти во редовите на нејзините сили во Украина, од кои многумина не беа обучени за борба, и објави дека голем број од нив се заробени.

– Ова сакам уште еднаш да им го кажам на мајките Руси, особено на мајките резервисти. Не ги праќајте вашите деца во војна во туѓа држава – рече Зеленски.

Во последното видео обраќање, украинскиот лидер му се заблагодари на полскиот претседател Анджеј Дуда (Анджеј) и го нарече полскиот народ браќа и сестри, велејќи дека двете земји „формираа исклучително силна унија“.

Share
Scroll to Top