Русија реагира: Проектите со ЕУ се блокирани поради санкциите и агресивната реторика на Брисел

пред 3 години

Заедничките проекти меѓу Русија и ЕУ се блокирани поради антируските санкции и агресивната реторика од Брисел, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Нејзината реакција се однесува на изјавата на австрискиот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг кој претходно рече дека Москва не е заинтересирана за дијалог со ЕУ.

„Тоа не е точно. Имаше многу политички, хуманитарни и економски проекти во кои учествуваа Русија и ЕУ. Но, проектите беа блокирани откако Брисел усвои политика на санкции против Москва и го замени дијалогот со агресивна реторика, неосновани обвинувања и кампања за дезинформации“, додаде таа.

 

Share
Scroll to Top