Бонучи позитивен на коронавирусот

Бонучи позитивен на коронавирусот

пред 3 години

Леонардо Бонучи се наоѓа во изолација. Дефанзивецот изминатата недела се наоѓаше со репрезентативните колеги. Италија, квалификациите за пласман на Светското првенство ги започна со три победи.

Последниот натпревар Италија го играше во Литванија, а пред тој меч Фудбалскиот сојуз објави дека четворица од стручниот штаб и еден фудбалер биле заразени со коронавирусот.

Јувентус потврди дека Леонардо Бонучи е позитивен на коронавирусот.

„Бонучи се наоѓа во изолација во својот дом“, објави Јувентус.

Претходно клубот објави дека позитивен на вирусот е и Мерих Демирал.

Јуветус, викендов, ќе игра против Торино.

Share
Scroll to Top