Рој Кин во игра да стане нов менаџер на Селтик!

Рој Кин во игра да стане нов менаџер на Селтик!

пред 3 години

Легендата на Манчестер јунајтед, Рој Кин веќе преговарал со шкотскиот гигант Селтик да го замени Нил Ленон како менаџер, тврди британскиот „Дејли мејл“.

Според информациите на „Мејл“, покрај Кин, во игра за нов тренер на „зелените“ се американскиот тренер на Ред бул Салцбург, Џеси Марч, тренерот на У-23 тимот на Манчестер сити, Енцо Мареска и поранешниот прв човек на Шефилд јунајтед, Крис Вајлдер, како и шкотскиот селектор Стив Кларк.

Кин играше за Селтик во 2005/06 по заминувањето од „Олд Трафорд“, а последна тренерска работа му беше пред една деценија во Ипсвич таун, по што работеше како помошник на ирскиот селектор Мартин О’Нил.

Share
Scroll to Top