Кина: Вакцинација на 300.000 луѓе за пет дена поради 16 заразени со коронавирус

пред 5 години

Ново жариште на епидемијата на коронавирус се појави во кинеската провинција Јунан, а властите најавија дека за пет дена ќе го вакцинираат целото население на еден град со 300.000 жители.

Државната телевизија ЦЦТВ покажа луѓе кои чекаат во редови за вакцинација во Жуили, каде што од вторникот се потврдени 16 случаи на зараза со коронавирус.

Од вкупниот број на заразени, 12 се Кинези, а четворица се државјани на Мјанмар, со кои се граничи Јунан.

Share
Scroll to Top