Меси има свои барања пред да ја донесе конечната одлука

Меси има свои барања пред да ја донесе конечната одлука

пред 4 години

Главна тема во Барселона е новиот договор на Лионел Меси. Преговорите помеѓу двете страни треба да започнат наскоро. Меси и пред да започнат преговорите на клубот му поставил некои услови, кои треба да бидат исполнети пред тој да ја донесе конечната одлука.

Новинарот на Јуроспорт, Фермин де ла Каље, тврди дека Барселона треба да исполни три клучни барања на Аргентинецот.

33-годишникот, побарал клубот, во летниот преоден рок, да ангажира барем едно од најбараните засилувања кои се достапни на пазарот. Шпекулациите велат дека тоа би требало да биде Ерлинг Халанд.

Меси, побарал, клубот да продолжи да форсира играчи од академијата. Најдобриот играч во историјата на Барселона, сметал дека во Ла Масија има квалитетни решенија.

И на крајот Меси сакал во секој момент да ги знае клупските планови, односно сакал да има „работна комуникација“ со тренерот Роналд Куман, техничкиот секретар Рамон Планес и претседателот Џоан Лапорта.

Share
Scroll to Top