Еванс во Лестер до 2023 година

Еванс во Лестер до 2023 година

пред 3 години

Фудбалерот на Лестер Џони Еванс ќе го продолжи договорот со клубот, до крајот на сезоната 2022/2023. Евенс е еден од лидерите на „лисиците“, тој во Лестер пристигна во 2018 година од ВБА.

Џони Еванс, во недела ќе наполни 33 години. Лестер тој ден ќе гостува во Њукасл.

По 16 натпревари во Премиер лигата, Лестер се трети на табелата со 29 бодови.

Евенс, во минатото бил играч и на Манчестер јунајтед, со славниот клуб освоил три шампионски титули, одиграл 196 натпревари, постигнал седум голови.

Лестер не објави под кои услови Еванс го продолжил договорот.

Share
Scroll to Top