Салах го промаши невозможното, Лестер го „урна“ Ливерпул

Салах го промаши невозможното, Лестер го „урна“ Ливерпул

пред 2 години

Лестер му го нанесе само вториот пораз на Ливерпул оваа сезона во Премиерлигата, откако „црвените“ пропуштија совршена шанса од пенал во првото полувреме, за да паднат со 1:0 и да дозволат Манчестер сити да остане на 6 поени пред нив со ист број на натпревари.

Мохамед Салах, човекот кој многу пати оваа сезона беше херој на Ливерпул, овојпат може да се нарече виновникот, откако во 16. минута од мечот, не само што го утна пеналот кој беше досуден, туку и потоа одбиената топка не успеа да ја смести во голот.

Казната пристигна во 59. минута, кога Адемола Лукман постигна прекрасен гол по убавата акција на тимот на Брендан Роџерс, кој добива мала „одмазда“ против својот поранешен клуб.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top