Лукаку стрелец, Интер победи во Болоња

Лукаку стрелец, Интер победи во Болоња

пред 4 години

Интер, во Болоња, го победи домаќинот со 1:0, во последниот натпревар од 29.коло, во Серија А. Со овој триумф Интер уште повеќе се доближи до шампионскиот трофеј, откако претходно Јувентус не успеа да го победи Торино (2:2).

Натпреварот во кој двата тима имаа малку шанси за постигнување гол, го реши Ромелу Лукаку во 32.минута.

Интер на табелата е лидер со 68 бода, осум повеќе од Милан, десет од Аталанта и 12 од бранителот на трофејот Јувентус.

Share
Scroll to Top