Не знае да поднесе пораз – Нејмар сакал да се тепа со Дјало

Не знае да поднесе пораз – Нејмар сакал да се тепа со Дјало

пред 4 години

ПСЖ, доживеа пораз во дербито од Лил (0:1), а најголемата ѕвезда на овој тим, Нејмар, предизвика нов скандал.

Брзилецот, како и останатите негови соиграчи одигра лош натпревар, а поради вториот жолт картон бее исклучен во 90.минута. Првиот жолт картон Нејмар го доби кога се обиде да изнуди пенал, а вториот поради кога без потреба го турна противничкиот играч Дјало.

Во ист момент кога му го додели црвениот картон на Нејмар, судијата Бастиен, го исклучи и Дјало.

Додека одеа кон соблекувалните, двајцата си разменуваа навреди, а потоа Нејмар трга физички да се пресмета со противникот. Поголем инцидент спречија луѓето од двата клуба.



Share
Scroll to Top