Распадори ги „зацрне“ Милан – колапс за седум минути и пораз од Сасуоло

Распадори ги „зацрне“ Милан – колапс за седум минути и пораз од Сасуоло

пред 3 години

Милан имаше водство од 1:0 до самиот финиш на мечот, но на крајот доживеа домашна бламажа од Сасуоло, губејќи со 1:2 благодарение на двата гола на младиот Џакомо Распадори.

Хакан Чалханоглу во 30. минута, постигна прекрасен гол, негов осми оваа сезона, за да ги донесе Милан во водство, пред во второто полувреме, замената Распадори да има своја вечер. Откако влезе во игра во 64. минута, Распадори во 76. минута израмни на 1:1, за во 83. минута да го постигне победничкиот гол.

И покрај поразот, Милан останува на второто место во Серија А со 66 поени, но Интер има шанси да избега на дури 12 поени разлика доколку ја победи Специја на само шест кола до крајот. Сасуоло се на фантастичнот осмо место со 49 поени по три победи во низа.

Share
Scroll to Top