(Фото) Поранешен фудбалер на Портсмут осуден на 11 години затвор: шверцувал 2 тона кокаин

(Фото) Поранешен фудбалер на Портсмут осуден на 11 години затвор: шверцувал 2 тона кокаин

пред 4 години

Поранешниот фудбалер на Портсмут, Џон Виафара, е осуден на 11 години затвор за шверц на кокаин од неговата родна Колумбија во САД.
Тој е осуден во Федералниот суд во Тексас, а докажано е и неговото учество во увоз на два тона кокаин, чија вредност се проценува на 24,6 милиони евра.

Поранешниот фудбалер на Саутемптон и Портсмут бил под истрага три години и е откриено дека соработувал со наркокартел и помагал во увоз на дрога со брзи чамци во Мексико. Оттаму, подоцна била пренесувана во САД.

“Обвинетиот имаше се. Светска слава, богатство и статус, но и покрај сето тоа, тој избра да го искористи својот талент за трговија со дрога”, рече обвинителот Николас Ганџеи.

Share
Scroll to Top