Мурињо ги обвини играчите: Тренерот е ист, играчите се други

Мурињо ги обвини играчите: Тренерот е ист, играчите се други

пред 4 години

Жозе Мурињо призна дека неговиот Тотенхем прави премногу грешки, додавајќи дека тимот е „нестабилен“ откако во финишот на мечот со Њукасл пропуштија победа и одиграа 2:2, резултат кој ги остава на петтото место.

Двата гола Њукасл ги постигна по грешки на одбраната на Тотенхем и Мурињо признава дека резултатот лошо му „легнал“.

„Исфрустриран сум. Ни беше потребна победа во мечот и дојдовме да ја земеме. Не сме далеку од топ 4, но си создадовме нестабилност со толку грешки во одбраната и им дадовме шанса да се вратат во мечот“, објаснува Мурињо.

Запрашан зошто Тотенхем, кој традиционално има одлична одбрана кога е во водство, овојпат потфрли, Мурињо ја префрли вината кај играчите.

„Тренерот е ист, играчите се поинакви. Работиме добро, работиме напорно, но правиме многу грешки. Тоа ами може да го анализирате. Премиер лигата е тешка и кога не покажувате високо ниво, тогаш е тешко“, вели Мурињо.

Кикс на Тотенхем кај Њукасл!

Share
Scroll to Top