На Клиниката за детски болести нема да се хоспитализираат возрасни пациенти со Ковид-19

пред 4 години

Возрасни ковид-пациенти нема да се хоспитализираат на Клиниката за детски болести во Скопје.

Единствени возрасни пациенти таму се мајките на хоспитализираните деца со Ковид-19, кои исто така се позитивни, уверуваат од Министерството за здравство од каде апелираат да не се создава паника во јавноста.

„Клиниките каде што со преадаптација се направени ковид-оддели, физички се одделени и не постои никаков контакт меѓу ковид-пациенти и пациенти кои не се заразени со ковид, а се хоспитализирани на клиниките поради други заболувања. Целокупниот систем е организиран и добро се менаџира. Хоспиталните оддели, одделите каде се врши дијагностика, лабораториски анализи се поделени на црвени и зелени зони за ковид-пациенти и останати пациенти“, информира ресорното министерство.

Share
Scroll to Top