Голманот на Пари Сен-Жермен, Кејлор Навас тврди дека Бог му помогнал да си замине од Реал Мадрид во 2019 година, откако помина една сезона како замена за Белгиецот Тибо Куртоа.
34-годишниот костарикански голман пристигна на „Бернабеу“ во 2014 година од Леванте и имаше фантастичен успех со „кралевите“, освојувајќи трофеј од Ла лига и три последователни титули од Лигата на шампионите од 2016 до 2018. Но, откако стана замена на Куртоа, кој дојде од Челси, тој сакаше да замине.
„Има моменти во кои мораш да направиш одлуку. Имам големо почитување кон Реал Мадрид и сите соиграчи кои се однесуваа добро со мене. И секако, кон Зинедин Зидан, тренерот со кој освоив многу. Имаме заедничка историја и таа ќе остане. Но, некои работи не можев да ги контролирам. Верував во Бог, кој ме водеше подалеку од Реал Мадрид“, вели Навас во интервју за „Франс фудбал“.
Навас лани ја освои титулата од Лига 1 и играше во финалето на Лигата на шампионите, а има договор со ПСЖ до 2023 година.