Моделот „E39 M5“, кој за многумина еден од најдобрите автомобили што се произведени во историјата на БМВ, е продаден за 200.000 американски долари.
Автомобилот беше продаден во Синсинати, Охајо, преку „Ентузијаст автогруп“, фирма специјализирана за модели на БМВ. Возилото претходно имало само еден сопственик, кој ретко го возел, па километражата покажува 5.000 поминати километри, а автомобилот сè уште ги има оригиналните гуми.
Каросеријата, механиката и ентериерот во меѓувреме се обновени и доведени во речиси совршена состојба, па од компанијата што го продадоа автомобилот велат дека новиот сопственик добил речиси музејски примерок.
Овој „М5“ е произведен 2003 година и ја претставува последната моделска година за генерацијата „Е39“, што значи дека е нејзина најдобра верзија. Според познавачите на автомобили, во иднина „E39 M5“ ќе вреди многу повеќе.