Мурињо ја составил трансфер-листата

Мурињо ја составил трансфер-листата

пред 3 години

Жозе Мурињо, за наредната сезона отпишал седуммина фудбалери. Со нивната продажба клубот треба да обезбеди пари за нови засилувања.

„Дејли Мирор“, тврди дека Мурињо бил разочаран од неколку фудбалери, поради што решил да ги стави на трансфер-листата.

На списокот се Деле Али, Серж Орие, Девисон Санчез, Хари Винкс и Ерик Ламела, односно Рајан Сесињон и Хуан Фојт, играчи кои сезонава се позајмени во Хофенхајм и Виљареал.

Тотенхем, играат променливо оваа сезона, испаднаа од Динамо во Лига Европа, иако имаа предност од 2:0 по првиот меч, а во Премиер лигата, се борат за место во Лигата на шампионите.

Share
Scroll to Top