Марота инсистира: Интер нема финансиски проблеми

Марота инсистира: Интер нема финансиски проблеми

пред 3 години

Директорот на Интер, Бепе Марота сакаше да ги увери навивачите на „нераѕурите“ дека клуботе е е „солиден“ и во добра финансиска состојба и покрај шпекулациите во италијанските медиуми, дека кинеските газди, Сунинг групацијата, планираат да го дадат клубот на продажба.

Претседателот Стивен Жанг инсистира дека се работи за вообичаено барање на нови инвеститори кои би ја подобриле стабилноста и моќноста на клубот, но во Италија се верува дека ќе бидат кратени платите на фудбалерите и ќе бидат продадени дел од нив.

„Сакам да ги разуверам нашите фанови. Клубот е солиден. Сите поминуваме низ период на финансиска криза во фудбалот, но ние сме спортски луѓе и овие работи само ќе не зближат, фокусирајќи се на чувството на посветеност, чест кон дресот и затоа сум многу позитивен околу нашата иднина“, изјави Марота.

Тој, сепак, потврдува дека јануарскиот преоден рок ќе помине „мирно“.

„Како што кажав повеќе пати, фактот што не можеме да направиме големи финансиски инвестиции во моментов, значи дека треба да го извлечеме максимумот од играчите кои ги имаме“, додава Марота.

Share
Scroll to Top