На социјалните мрежи работите стануваат „вирални“, по добро и по лошо, а и спортистите не се имуни на навредите и грдите пораки кои ги добиваат преку нив. Но, некои, како Марко Асенсио и Реал Мадрид ја искористија платформата за прекрасна порака.
Во средата, голманката на женскиот тим на Реал Мадрид, Марија Родригез ја прослави победата над Ливерпул на Твитер со фотографија на прославата на Марко Асенсио на својот гол, заедно со нејзина фотографија по првата дерби победа над Атлетико Мадрид.
По ова следуваа голем број на критики кон неа, и таа го избриша Твитот, за неколку часа подоцна Асенсио да го абележи тоа и да ја врати истата фотографија, овојпат со овој текст: „Misma Pasion. Que nada ni nadie te impida decir lo que piensas“, што значи „Иста страст. Не дозволувам ништо и никој да те спречи да го кажеш тоа што го мислиш“.
По ова, пораката стана вирална и голем број на светски клубови се покажаа со исти пораки за еднаквост во спротот и еднаквост во страста.
Misma pasión ⚪ ?
Que nada ni nadie te impida decir lo que piensas.@marisabelrr1 @realmadridfem @realmadrid pic.twitter.com/wLybiMhGkS— Marco Asensio (@marcoasensio10) April 7, 2021
Same passion ?❤️ pic.twitter.com/ieIlW0MLku
— FC Barcelona (@FCBarcelona) April 7, 2021
Stessi colori, misma pasión ?⚫#WeRespAct #SempreMilan pic.twitter.com/5qKdSPTv7d
— AC Milan (@acmilan) April 8, 2021
Misma pasión ?? pic.twitter.com/lVxBdPoSvM
— JuventusFC (@juventusfcen) April 8, 2021