Пејачката и глумица Тијана Дапчевиќ откри совршен рецепт за топ изгледа. Иако има 45 години, многу помлади девојки можат да и позавидат на нејзиниот изглед.
Тијана се пофали дека ослабела педесетина килограми од деновите кога била бремена. Тогаш тежела 115 килограми и чувствувала глад речиси 24 часа дневно, па често посегнувала по нездрава храна.
„Буквално се чувствував како да носам уште една личност во себе. Немав врат, а рацете ми беа како бутови. Тогаш решив да направам нешто по тоа прашање. Но, почнав да слабеам откако сватив дека не ми е потребна диета, туку дека морам да го променам начинот на живот. Ние жените имаме неверојатна блокада во главата, кога ќе се спомене зборот диета. Тогаш мислиме само на храна и за тоа што ќе јадеме, а што не смееме да јадеме“, изјавила пејачката за „Хит“.
Тијана вели дека деноит и започнува со овесна каша со овошје, а за ручек обично јаде мисирка со зеленчук. За вечера јаде риба со салата.
„Имав криза на почетокот, но, дадов сè од себе за да издржам. Сите треба да се храниме без шеќери, брашно и млеко. Така ќе дојдеме до посакуваната килажа. Но, како и останатите жени и јас често се опуштам па се здебелувам“, изјавила Тијана која вели дека има за цел да ослаби уште девет килограми.