Хрватската блогерка и манекенка Адела Клобучар почина од рак на дојка, објави Стори.хр.На Адела и бил дијагностициран рак веднаш по нејзиниот 27 роденден. За жал, пренесуваат медиумите, манекнката и блогерка, ја загуби битката со болеста.
„ За дијагнозата дознав пред пет месеци, веднаш по мојот 27.роденден. Кон крајот на летото, забележав грутка во градите, која по ултразвук и пункција се покажа како малиген рак на дојка. Многу брзо по утврдувањето на дијагнозата, започна хемотерапија, вкупно шеснаесет. Во моментов, ми преостануваат уште шест третмани со хемотерапија, што значи дека добар дел од овој третман е зад мене. За среќа, јас многу добро ги толерирам, иако има бројни несакани ефекти кои се едноставно неизбежни кога се користат такви лекови. Фокусирана сум на здравјето, така што сите предизвици минуваат полесно и побрзо“, ијавила таа лани во интервју за Стори.