Актерката Мена Сувари првпат стана мајка во петтата деценија

Актерката Мена Сувари првпат стана мајка во петтата деценија

пред 3 години

Американската глумица Мена Сувари на 43 години го роди своето прво дете. Таа и нејзиниот сопруг Мајкл Хоуп добија син, Кристофер Александар Хоуп. Породувањето поминало во најдобар ред, а мајката и бебето се чувствуваат одлично, пишуваат американските медиуми.

Актерката, која се прослави со филмовите „Американска убавина“ и „Американска пита“, бременоста ја објави лани во октомври.

„Сега сум во процес на привикнување. Не можам да верувам дека мене ми се случува нешто толку убаво. Сето ова ми е емотивно. Всушност, чудно е, пред сѐ. Откако дознавме, јас не можам да верувам“, напиша тогаш истакна Мена.

Ова е трет брак на глумицата. Таа претходно беше мажена за Роберт Бринкман и Симон Сестито, но од тие бракови нема деца.

Share
Scroll to Top