Алексеј Навални поради непослушност би можел да заврши во самица

Алексеј Навални поради непослушност би можел да заврши во самица

пред 3 години

Главниот критичар на Кремљ, Аелекс Навални, кој се наоѓа во затвор, вели дека би можел да заврши во самица поради низата мали отпори и непослушноста кон стражарите. Тој ја обајви и својата прва фотограија од затвор, пренесува „Курир.рс“.

Тој во четвртокот јавно ги обвини стражарите дека не му даваат да има мирен сон и дека постојано го буделе во текот на ноќта. Тоа вели дека бил некаков вид на тортура, а неговото барање за лечење на болките во грбот и нозете, му било игнорирано.

Повеќе од 20 лекари издале отворено писмо, барајќи од властите со главниот опозиционер, да се постапува на соодветен начин.

„Се плашиме од најлошото. Оставањето на пациентот во таква состојба може да доведе до сериозни последици, вклучително и неповратен, целосен и делумно губење на функциите на долните екстремитети“, е наведено во писмото.

Затворските власти, по направените прегледи минатата недела, велат дека неговата состојба била стабилна и задоволителна. Кремљ одбиле да го коментираат писмото на лекарите.

Навални денес преку своите адвокати ја објави првата фотографија од затворот. На фотографијата се гледаат неговите рамења и избричена глава, а тој е облечен во затворска облека. Во истото соопштение изјавил дека шест пати бил укорен во рок од две недели.

Двете опомени кои ги добил за непослушност, биле доволни за самица, изјавил тој.

Share
Scroll to Top