Рускиот тенисер, Данил Медведев, нема да настапи на Мастерсот во Монте Карло. Светскиот рекет број 2, утрово бил позитивен на коронавирусот.
Медведев, според распоредот, беше слободен во првото коло, а во второто требаше да игра против победникот од мечот помеѓу Филип Крајиновиќ и Николоз Басилашфили.