Ковач: Фудбалот е навистина суров, тешко ми е ова да го прифатам!

Ковач: Фудбалот е навистина суров, тешко ми е ова да го прифатам!

пред 3 години

По несреќниот автогол на капитенот на Монако, Рубен Агилар (топката го погоди и го смени правецот), францускиот тим ќе игра во групна фаза од Лига Европа наместо во Лигата на шампионите.

По домашниот пораз од Шахтјор Доњецк со 1-0, пулените на тренерот Нико Ковач синоќа во Харков водеа со 2-0, а Украинците со еден удар во рамки на голот изборија продолженија. Таму, во 114 минута автоголот им пресуди на претставниците на францускиот клуб.

„Фудбалот е навистина суров, имаа само еден удар во рамки на гоот и постигнаа 2 гола, а ние имавме 25 удари од кои 10 во рамките. Требаше да постигнеме трет погодок уште пред полувремето. Во продолжение ги натеравме да играат со долги топки, игравме многу агресивно. Направивме многу шанси, но нивниот голман имаше многу одбрани. Тешко ми е ова да го прифатам“ рече тренерот Нико Ковач по завршувањето на мечот.

Share
Scroll to Top