Серхио Рамос позитивен на вирусот Ковид-19

Серхио Рамос позитивен на вирусот Ковид-19

пред 4 години

Серхио Рамос имал позитивен резултат на последното тестирање на вирусот Ковид-19. Информацијата, со кусо соопштение ја потврди неговиот клуб, Реал Мадрид.

Рамос, поради повредата на мускулот на левата нога не тренира од 1.април. Последниот натпревар што го одиграл за Реал, бил осмина-финалниот реванш со Аталанта во Лигата на шампионите, на 16.март.

Потоа одиграл 50 минути за Шпанија, во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. 35-годишникот одиграл едно полувреме против Грција и пет минути против Косово.

Share
Scroll to Top