ЦУК: Средба со синдикални претставници од КСОМ

пред 4 години

Претставници од конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) се сретнаа со в. д. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, при што го запознаа со нивните барања во поглед на изедначување на платите и подобрување на условите за работа, за да се донесе Закон за пожарникарство.

Меѓу другото, го запознаа и со предлози за да си го најдат своето место под заедничка команда сега, а и во целокупна поставеност во рамки на идните реформи на Системот за управување со кризи (СУК). Потоа го запознаа Стојанче Ангелов со состојбата и во насока за подобрување на условите за работа на пожарникарите коишто се ангажираат директно и во кризи и за спасување животи. Синдикалците посочија дека пожарникарите се расцепкани по општини и над една деценија како да се оставени сами на себе, а само кога има големи пожари или ризични спасувања настрадани и материјални добра им се обрнувало внимание и инцедентно се опремувале, речиси, само преку донации.

Ангелов, по запознавањето со нивните барања, посочи дека во општеството треба да се вреднува реално ризикот за пожарникарите, бидејќи тие на терен спасуваат животи и материјални доба и дека ова е прва средба од можните идни средби, што според можностите би се одржале веќе во претстојниот период на месецов. Тие средби би требало да бидат во насока за да се координира оперативно процесот на идните реформи во Системот за управување со кризи со предлози и од практиката, а и директно од луѓето коишто се пожарникари, односно и преку Синдикалните претставници коишто ги обединуваат нивните барања за решавање на пожарникарските статусни и работни проблеми.

Инаку, синдикални претставници од Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) средбата ја остварија на два посебни последоватолни состанока во ЦУК, заради новите „ковид“ превентивни мерки, а присутни беа: Марјан Ристевски – претседател на КСОМ, Арбен Велиу – претседател на Синдикатот на пожарникарите во Гостривар, Стојановски Ѕвонко КСС од Скопје, Гоце Делчев Тодев – главен координатор на КСОМ, Зоран Граороски – претседател на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Прилеп, Робе Митрески од Прилеп и Горан Ристески – претседател на гранскиот Независен синдикат на државна администреција. Инаку, по средбата во ЦУК, синдикалните претставници на КСОМ, одржаа прес-конференција пред зградата на ЦУК.

Share
Scroll to Top