Рио Фердинанд не верува во шпекулациите дека Џеси Лингард ќе потпише за Арсенал, бидејќи навивачите на „топчиите“ уште се сеќаваат на прославата од 2019 година и изјавите дека „Емирати“ се неговиот „подиум за танц“.
Славната прослава на Лингард дојде при 3:1 победата во ФА купот, и голманот на Арсенал, Бернд Лено призна дека таа била мотивација за 2:0 победата неколку месеци подоцна во Премиер лигата. Со одличната форма на Англичанецот за Вест хем, шпекулациите велат дека Арсенал се во игра на неговиот потпис, но поранешниот фудбалер на Јунајтед и на Вест хем, Фердинанд не верува во тоа.
„Навивачите на Арсенал нема да го сакаат таму. Тоа со играњето на тој терен, нема да го заборават. Ќе го демолираат стадионот. Тој покажа непочитување какво што дотогаш не беше видено. Мислам дека Вест хем ќе се борат да го заддржат, но нема да оди во Арсенал, тоа е сигурно“, вели Фердинанд.
Arsenal spent 390M on a stadium, just for Lingard to dance all over it..#ARSMUN #FACup #GGMU pic.twitter.com/nHCA1rL6zD
— Ronnie™ ? (@HonRonnie) January 25, 2019
When Jesse Lingard made the Emirates his own personal dance floor ?
Arsenal vs. Manchester United. Saturday (? @EmiratesFACup) pic.twitter.com/SwGh2akV1A
— B/R Football (@brfootball) January 29, 2021