Шпанскиот Суперкуп се враќа во Шпанија?

Шпанскиот Суперкуп се враќа во Шпанија?

пред 3 години

Суперкупот на Шпанија, како сега стојат работите, ќе се игра во оваа земја, а не во Саудиска Арабија, како што претходно е договорено. Шпанците сакаат да го вратат Суперкупот во својата земја, бидејќи во Саудиска Арабија, поради коронавирусот, на навивачите им е забранет пристап на стадионите.

Во моментов е сигурно само дека Суперкупот ќе се одржи во предвидениот термин, од 13. до 17.јануари наредната година. Суперкупот се игра турнирски, учествуваат четири екипи: шампионот Реал, второпласираниот тим од минатото првенство Барселона и финалистите во Купот на Кралот, Реал Сосиедад и Атлетик Билбао.

Фудбалскиот сојуз на Шпанија, минатата година потпиша тригодишен договор со Саудиска Арабија вреден 120 милиони евра. Првото издание на Суперкупот во Саудиска Арабија им припадна на фудбалерите на Реал Мадрид кои во финалето, по изведувањето на пенали го победија Атлетико Мадрид.

Share
Scroll to Top