Евертон им ги уништи шансите на Вест хем за пласман во ЛШ

Евертон им ги уништи шансите на Вест хем за пласман во ЛШ

пред 3 години

Евертон успеа да стигне до тешка 0:1 победа на гостувањето кај Вест хем за да им ги „уништи“ надежите на „чеканите“ за изненадувачки пласман во ЛШ.

Фантастичниот Доминик Калверт-Луин го постигна својот 16. премиерлигашки гол оваа сезона во 24. минута од мечот за тимот на Карло Анчелоти да стигне до само втората победа во последните пет меча и да ги заддржи шансите за пласман во Лига Европа.

Сега, на само три кола до крајот (четири за Евертон), Вест хем остануваат петти со 58 поени, дури пет зад четвртопласираниот Лестер, додека „карамелите“ се осми со 55 поени. Вест хем до крајот на сезоната гостуваат кај Брајтон и Вест Бром, за во последното коло да ги пречекаат Саутемптон, додека на Евертон им преостануваат мечевите со Астон вила (гости), Шефилд јунајтед (дома), Вулверхемптон (дома) и Манчестер сити (гости).

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top