Ханс-Дитер Флик, со Баерн Минхен, не успеа да ја повтори брилијантната мината сезона, кога со сите победи ја освои Лигата на шампионите. Баварците, синоќа, во четврт-финалето, ја предадоа титулата.
Иднината на Флик, во Баерн е неизвесна, не поради елиминацијата од ПСЖ, туку поради лошите односи што ги има со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.
Не е тајна дека Фудбалскиот сојуз на Германија, сака Флик да ја преземе репрезентацјата по заминувањето на јоаким Лев. Флик го познава системот, тој долги години му беше помошник на Лев, заедно ја освоија светската руна на СП во Бразил.
Доколку Флик, репи да го напушти Баерн по завршувањето на сезоната, тогаш можат да се очекуваа тренерски рокади.
Баерн ќе се обидат да го донесат Јулијан Нагелсман од Лајпциг. Младиот тренер, бележи врвни резултати со Лајпциг, лани стигна до полу-финалето во Лигата на шампионите, а оваа сезона токму со Баерн се бори за шампионската титула во Бундес лигата.
Ако Лајпциг останат без тренерот, тогаш на неговото место ќе пристигне Џес Марш од Салцбург. Оваа рокада е логична бидејќи Ред Бул е сопственик на Лајпциг и Салцбург.