Шпанскиот тенисер Рафаел Надал експресно се пласираше во осминафиналето на Мастерс турнирот во Монте Карло. Тој за 75 минути игра убедливо со 2-0 (6:1, 6:2) славеше против аргентинскиот тенисер Федерико Делбонис кој е 87-ми на АТП листата.
Шпанецот го разби Аргентинецот, со два брејка стигна со 5-0 во првиот сет по што водството беше повеќе од заслужено.
Во вториот сет Надал исто така за кратко време стигна до водство од 3-0 и тоа со два брејка, по што следуваше краток блесок на Делбонис. Аргентинецот силно удираше по топчето и погодуваше. Се врати во живот, се доближи на 2-3.
Сепак искуството на Надал дојде до израз за конечни 6-2 во вториот сет.
Следен противник на шпанскиот ас е Бугаринот Григор Димитров кој со 2-0 го совлада Шарди.