Индија објави рекордни 200.739 случаи на заразени со Ковид-19 во последните 24 часа, со што дневниот број на новозаразени за прв пат се искачи на 200.000, покажаа податоците на Министерството за здравство.
Како што е соопштено, од „Ковид-19“ починале 1038 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата во оваа јужноазиска земја достигна 173.123 лица.
Вкупниот број на заразени во Индија достигна 14,1 милиони, веднаш зад Соединетите Држави, земјата е водечка на глобалната црна листа со 31,4 милиони случаи на заразени со коронавирус.
Индија имаше помалку од 10.000 нови случаи на ден порано оваа година, но заклучно со 2 април, таа е најпогодена земја во светот според бројот на новозаразени со Ковид-19.