Светскиот првак со Италија во 2006 година, Лука Тони, е еден од оние кои најчесто го критикуваат Кристијано Роналдо.
Тони, не го намалува влијанието кое го има Роналдо врз тимот, но смета дека на теренот треба да се однесува со повеќе почит кон соиграчите.
„Постигнува многу голови, водечки е стрелец и тоа многу му значи на тимот, но не сум импресиониран од неговиот став на теренот, од тоа како се однесува кон соиграчите. И јас бев себичен додека играв, но и кога не постигнував голови, останував на теренот да ги прославам победите. Знаев да го потиснам разочарувањето“.
Лука Тони најголемите резултати ги постигна како играч на Баерн Минхен.
Кристијано Роналдо е водечки стрелец во Серија А со 25 гола. Вкупно за Јувентус постигнал 97 гола на 126 натпревари.