Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета Втора, кој почина минатата недела на 99-годишна возраст, ќе биде погребан денеска по комеморацијата во капелата Свети Ѓорѓи во замокот Виндзор.
Принцот го донеса со модифициран Ленд Ровер, а поворката која се упати кон капелата беше предводена од најстарите деца на војводата, Чарлс и Ана. Позади нив беа Едвард и Ендру, а потоа принцовите Вилијам и Хари.
Погребот се одвиваше во опкружување на најблиските и според ограничувањата поради коронавирусот. На црковната служба имаше 30 гости. Кралицата и избраните членови на семејството носеа маски и седеа оддалечени два метра.
Претставници на вооружените сили низ целиот Комонвелт маршираа да ги заземат своите места, а бројот на воен персонал во службата беше намален на 730 лица.
Пред церемонијата, ковчегот на Филип беше преместен од приватна капела во замокот Виндзор во Внатрешната сала на замокот, каде што се одржи молитвата.
Церемонијата беше богата со симболика и ги потсети луѓето на животот на Филип во служба на кралското семејство и нацијата. Гренадиерската гарда, вековен полк на британската армија, во која војводата од Единбург служеше како полковник повеќе од четири децении, го постави ковчегот на мртовечка кола што принцот помогна да се дизајнира.
Возилото, модифициран „Land Rover Defender“, ја предводи малата поворка кон капелата Свети Ѓeорѓи, исто така на теренот на замокот Виндзор.