Томас Милер за Флик: Не ни кажа зошто си оди!

Томас Милер за Флик: Не ни кажа зошто си оди!

пред 4 години

Тренерот на Баерн Минхен – Ханси Флик вчера објави дека по крајот на сезоната си заминува од кормилото на клубот. Познато е дека Флик бил во лоши односи со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, но одлуката дека ќе си оди по крајот на сезонава прво им ја соопштил на играчите, во совлекувална.

„Не ни ги кажа причините. Секако дека вложи и загуби многу енергија во последните година ипол. За да сте тренер на Баерн е потребна дебела кожа. Многумина ве прашуваат, ве анализираат, секогаш мора да стоите пред екипата. Беше тоа интензивен период. Не ни ги објасни детално причините зошто ова го прави“ изјави офанзивецот на Баварците, Томас Милер.

Флик минатата сезона ја освои Бундеслигата, ја зграпчи титулата во Лигата на шампионите, а оваа сезона е на само чекор до нова титула во германското првенство.

Флик го презема Баерн во 2019 година по отказот на Нико Ковач, но имаше договор до 2023 година.

Германски „Спорт1“ детално ги следи случувањата во Баерн, а свој осврт презентираше новинарот Флоријан Плетенберг:

„Тоа што сака да си оди по свои услови и да ја напушти екипата не знаи дека тоа била желбата на Флик и на почетокот на сезоната. Тој ги обожува овие играчи и овој клуб, но не може веќе да работи со Салихамиџиќ, едноставно нема избор. Сега цел свет се прашува дали Баерн стана клуб кој на тренерот не може да му осигура континуитет во работата. Карло Анчелоти, Нико Ковач и сега Флик. Дали навистина секогаш е виновен тренерот? Баерн моментно може да сонува за тоа да изгради успешна ера со некој тренер. Флик имаше потенцијал за тоа“ напиша тој.

Share
Scroll to Top