ТВ-серијата „Господарот на прстените“ ќе биде поскапа од „Игра на тронови“

ТВ-серијата „Господарот на прстените“ ќе биде поскапа од „Игра на тронови“

пред 3 години

Првата сезона од серијата „Господар на прстените“, која треба да почне да се снима оваа година на Нов Зеланд, ќе чини околу 465 милиони долари. Со тоа, таа ќе биде една од најскапите серии на „Амазон“, но и поскапа од „Игра на тронови“, чија прва сезона чинеше 100 милиони долар.

„Можам да потврдам дека ‘Амазон’ ќе потроши 465 милиони долари само за првата сезона и тоа е фантастично. Тоа ќе биде најголемата телевизиска серија некогаш снимена“, изјави Стјуарт Неш, министерот за економски развој и туризам на Нов Зеланд.

За сега се знае дека „Амазон“ планира да снима пет сезони од „Господар на прстените“, но и неколку спиноф серии.

За споредба, првата сезона на „Игра на тронови“ чинеше околу 100 милиони. Една епизода на почетокот имаше буџет од шест милиони долари, за да стигне до 15 милиони во осмата сезона.

Share
Scroll to Top