Граѓаните на Камбоџа кои ги прекршуваат ковид-мерките може да завршат во затвор 20 години според новиот закон, што организациите за човекови права наведуваат дека тоа ја доведува земјата до тоталитарна диктатура.
Премиерот Хун Сен предупреди дека Камбоџа е на „работ да умре“, откако беше воведена двонеделна блокада во Пном Пен, во обид да се спречи ширењето на коронавирусот, пренесува „Гардијан“.
Според новиот закон, луѓето осудени за непочитување на истиот може да се соочат со парична казна до 5 000 американски долари и да се соочат со затвор.
Законот исто така и дозволува на владата на неодредено време да забрани какви било собири или демонстрации.
Извршниот директор на одделот „Хјуман рајтс воч“ за Камбоџа, Софип Чак, вели дека новиот закон, кој беше воведен минатиот месец, немаше транспарентност и се користеше нејасна и широка терминологија.
Камбоџа е меѓу земјите со најниско регистрирани случаи на Ковиди-19 во Азија, но имаше поголем пораст на бројот на заразени лица на крајот на февруари.