Денес минијатурниот хеликоптер на НАСА, Ingenuity, леташе кратко над површината на Марс. Тоа е прв пат во историјата хеликоптер да лета над површината на друга планета.
За време на пробниот лет, хеликоптер тежок околу 1,8 килограм полета до висина од околу три метри, остана на едно место 30 секунди, а потоа се врати на површината на Марс.
The little rotorcraft that could.??
Ingenuity documented its historic ascent today. Here’s the #MarsHelicopter‘s POV during first flight. That’s its shadow on the ground below. pic.twitter.com/wXgLyTDbjm
— NASA JPL (@NASAJPL) April 19, 2021
НАСА на „Твитер“ објави фотографија од сенката на хеликоптерот на тлото на Марс (насловна фотографија) снимена од Ingenuity.
Роверот „Персеверанс“ на НАСА, кој го донесе минихеликоптерот на површината на Марс, испрати и фотографија од летот на хеликоптерот снимена од роверот.
„Персеверанс“ пристигна на Марс во февруари и помина 472 милиони километри за 203 дена лет.
Слета во пресушениот кратер Језеро долг 45 километри, а во следните две години треба да го истражи.