Студенти од Јужна Кореја ги избричија главите во знак на протест против одлуката на Јапонија

пред 4 години

Повеќе од 30 студенти во Јужна Кореја ги избричија главите пред јапонската амбасада во Сеул, во знак на протест против одлуката на Јапонија да пушти контаминирана вода во морето од нејзината оштетена нуклеарна централа во Фукушима.

Полицијата постојано растеруваше група луѓе кои скандираа и држеа плакати, но сепак не го спречија настанот, иако е во сила антипандемиска забрана за собирање повеќе од 10 лица, пренесува „Ројтерс“.

Јапонската влада минатата недела објави дека ќе испушти повеќе од милион тони прочистена радиоактивна вода од локалитетот Фукушима и дека тоа ќе се реализира во фази што ќе започнат за околу две години.

Официјален Сеул остро ја критикуваше оваа одлука.

Share
Scroll to Top