Бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов е опериран во софиската болница „Софијамед, откако го повреди десното колено додека играше фудбал.
Интервенцијата била направена синоќа. Снимките покажале дека Борисов го повредил внатрешниот менискус на зглобот со дислокација на дел од него.
„Тој сега се опоравува, а неговата состојба е добра“, изјавил доктор Антони Георгиев, раководител на Клиниката за артроскопска трауматологија во болницата „Софијамед“.
„Тој се повреди за време на рекреативно играње фудбал. Ги класифицираме како повреди на торзијата и дали некој го повредил или самиот направил погрешен потег, не можеме да прецизиравме. Во принцип, овој вид на повреди е една од најболните и се препорачува хируршки третман без одлагање. Операцијата е мини-инвазивна, па затоа не е од тежок карактер за пациентот“, вели Георгиев.
Во среда, Борисов требаше да се појави на првото сослушување во 45-тото национално собрание.