Путин се закани директно како никогаш досега

пред 4 години

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати пред Федералното собрание, пратениците на Државната дума и Советот на федерацијата и се закани наjдиректно како никогаш досега.

Говорејќи за сè понапнатата ситуација во односите со Западот, рускиот претседател посочи дека сите веќе се навикнати на практиката на воведување санкции, но дека сега ситуацијата е надвор од контрола, а тоа се организирани политички убиства.

„Можеме да мислиме што и да е за (Виктор) Јанукович и (Николас) Мадуро, (Александар) Лукашенко, но практиката на организирање државни удари и политички убиства е нешто што е премногу, тие ги преминаа сите граници“, истакна рускиот претседател во прилично остар тон.

Во исто време, сите се навикнати на практиката на незаконски санкции во економијата. Сега слична пракса прераснува во нешто поопасно. Го имам предвид обидот да се организира пуч и атентат врз претседателот на земјата во Белорусија, рече тој, додавајќи дека Западот не размислувал за Белорусија и Украина кога таму се случувале политички преврати, но дека секогаш постои навика во секоја прилика да се фатат за Русија.

„Тоа е како еден вид спорт“, забележа Путин, а потоа директно се закани: „Организаторите на какви било провокации против Русија ќе зажалат како никогаш досега.“

Според него, Русија има трпеливост и професионалност за какви било одмазднички мерки, предупредувајќи ги сите земји да не ја преминуваат црвената линија во односите со Русија.

„Ако некој крене висок и егоистичен тон кон Русија, таа ќе има со што да одговори“, рече Путин.

Share
Scroll to Top