(Видео) Николче Мицевски со песната „Круг“ го најави новиот албум

(Видео) Николче Мицевски со песната „Круг“ го најави новиот албум

пред 3 години

Македонски композитор Николче Мицевски ја промовира песната „Круг“ со која го најави неговиот албум Nеw Еrа, кој треба да излезе до крајот на годината. Познатиот музичар е автор на музиката и аранжманот и го свири пијаното во песната.

Мицевски сними и видео за оваа песна, а режисер на видеото е Даниел Јовески. Во спотот се појавуваат Андреј Димовски, Михаил Талев, Јулијана Митревска и Мендо Вељановски.

За потсетување, Мицевски на публиката ѝ е познат како композитор на бројни хитови, а тој е и автор на последните два албума на Каролина Гочева, „Македонско девојче 2“ и „Извор“.

Share
Scroll to Top