Јокиќ ги надигра Трејлблејзерс

Јокиќ ги надигра Трејлблејзерс

пред 3 години

Кошаракрите на Денвер Нагетс, во драматичен натпревар, забележаа победа над Портланд Трејлблејзерс 106:105. Нагетс се четврти на западот со 38 победи и 20 порази, Портланд се две места подолу со 32 победи и 26 порази.

Победникот го реши Никола Јокиќ, од линијата за слободни фрлања, на 40 секунди до крајот на мечот. Потоа кош постигна Демијан Лилард за Портланд и до крајот резултатот остана 106:105.

Српскиот центар натпреварот го заврши со 25 поени, девет скока, пет асистенции, една украдена и четири изгубени топки. Поддршка, Јокиќ, доби од Мајкл Портер јуниор (17 поени) и Вил Бартон (14 поени).

Портланд го предводеше Лилард со 22 поени. Репрезентативецот на БиХ, Јусуф Нуркиќ забележа осум поени, седум скока и шест асистенции.



Резултати:

Кливленд-Чикаг 121:105
Индијана-Оклахома 122.116
Филалделфија-Финикс 113:116
Торонто-Бруклин 114:103
Вашингтон-Голден стејт 118;114.

Share
Scroll to Top