Чеферин: Морав да се напијам дупло вски за да заспијам

Чеферин: Морав да се напијам дупло вски за да заспијам

пред 4 години

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, во интервју за „24ур“, открил низ што се поминал од моментот кога 12 клубови објавија дека формирале европска Суперлига, до вторникот, кога од лигата се повлекоа англиските клубови.

„Луѓето велат дека УЕФА е корумпирана и дека само парите не интересираат. Да, тоа беше така во време на поранешните претседатели. Јас се кандидирав за да се случат промените. Вудворд (Манчестер јунајтед), во четвртокот ми се јави и ми кажа дека новиот проект на Лигата на шампионите е добар и дека ќе гласа за него. Ањели (Јувентус), во петокот, претседаваше со ЕЦА и сите 247 клубови гласаа за новиот формат, вклучувајќи ги и алчните 12“, рекол Чеферин.

Ден пред формирањето на Суперлигата, тој добил порака.

„Интересни работи се случуваа во саботата. Некој, чие име нема да го откријам, ми се јави и ми кажа дека клубовите во недела ќе објават дека формирале Суперлига. Истиот ден, пет клуба ми се јавија, за да се извинат за она што го направиле. Ањели ми кажа дека тоа се лаги и измислици. Побарав да напишеме соопштение за медиумите. Ми кажа да го напишам и дека тој ќе го провери и ќе ми го врати назад. Тогаш се слушнавме последен пат, Ањели го исклучи телефонот“.

Најтежко му било кога клубовите, во неделата, објавија дека ја формирале европската Суперлига.

„Во неделата морав да земам дупла доза виски за да можам да заспијам. Во вторникот добив 3.800 пораки, на кои не стигнав да одговорам. На клубовите кои беа загрижени од формирањето на Суперлигата им кажав: „За 24 часа се ќе средам“. Јас свртев неколку телефони, но сепак најважното го завршија навивачите. Тие го кренаа бунтот“.

Share
Scroll to Top