Осомничен избегал од пред Кривичниот суд

пред 3 години

Утринава од пред Кривичниот суд на затворската полиција ѝ избегало лице кое било спроведувано до судот за одржување судски процес.

За настанот потврдија и од Основниот кривичен суд од каде објаснуваат дека се работи за обвинет кој бил спороведен во судот на рочиште по предмет поврзан со криумчарење на мигранти.

„Се работи за настан кој се случил надвор од судот за што е задолжена затврсоката полција, а не во просториите на Основниот кривичен суд“, информираат од судот.

Од таму исто така порачуваат повеќе информации поврзани со овој настан да се очекуваат од надлежната Казнено поправна установа и МВР.

Share
Scroll to Top